Затворена градинката „Ташко Караџа“ поради појава на морбили

Градинката „Ташко Караџа“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во скопската населба Радишани ќе биде привремено затворена поради појава на морбили.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека во следните 15 дена во објектот нема да се згрижуваат деца поради поголем број заболени деца од морбили.

– Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Вчера се правеше вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест, се наведува во соопштението од ресорното Министерство.

Министерството за труд и социјална политика најавува дека даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.