Затворена една лента од автопатот од Скопје кон Велес кај Башино село

Една лента од  автопатот од Скопје кон Велес, на делот меѓу Башино село и Штипска клучка, денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Како што информираа надлежните од Авто мото сојузот на Македонија, на автопатот ќе се изведуваат градежни активности, а на самото место ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.