Затворен Зелениот пазар - пазарџиите на штрајк (ФОТО)

Затворени решетки, катанци и празни тезги е сликата што утрово ќе ве пречека на Зелениот пазар во Скопје.

Наместо да продаваат, пазарџиите поставија траанспарент на кој пишува „Протест" и заминаа пред Собранието да го искажат незадоволството против Законот за трговија на зелените пазари кој стапи во сила од 1-ви јануари годинава.

Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

Лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари.