Затворање на МОТ во сабота со музичка селекција на Филип Тасевски

Затворањето на Младиот отворен театар (МОТ) ќе се случи оваа сабота, на 19.11.2022. 

Крајот на богатата програма ќе помине во музичка атмосфера, со музичката селекција на Филип Тасевски - Фиц. 

Почетокот на забавата е закажан за 23.15 часот во фоајето на Кино Фросина во Младинскиот културен центар, а влезот е бесплатен.