Затоа што те сакам!

Таа праша: „Зошто не зборуваш со мене? Зошто не ми кажуваш што не е во ред?“

Тој одговори: „Затоа што те сакам“.

„Зошто не ми го прифаќаш извинувањето дека сум исплашена, зависна од мојата драма, што сакам да го прегрнам стравот кој доминира со мојот живот?“

Затоа што те сакам. Затоа што се сакам себеси.

„Зошто не сакаш да ми помогнеш да се поправам, да бидеш мојата сила кога сум слаб, да бидеш моите уши кога ќе станам глува, да бидеш мојот здив кога нема да можам да дишам?“

Затоа што те сакам. Ти не си скршена, ти си прекрасна. Ти не си слаба, ти си силна над секоја мерка. Ти не си глува или слепа или било што, ти едноставно бираш да ги држиш затворени твоите уши и очи. Не можам да ти дадам воздух кога ти самата си го држиш сопствениот здив. Те сакам доволно за да ти дозволам сама да ги увидиш овие работи.

Зошто си толку далечен? Зошто си толку ладен?

Затоа што те сакам.

Немам интерес за сите тие слоеви во коишто се имаш замотано. Под нив е светлината којашто ја засакав, песната која ја обожавам. Те сакам таму и таму сум толку блиску до тебе, што не можам да бидам на друго место. Ги прифаќам слоевите, но не можам да ги сакам и нив и тебе истовремено. Ослободи се од нив, види ме каде сум, веднаш до тебе. Ако ги држиш цврсто, таму нема да има место за ништо освен за нив.

Но, тие се дел од мене. Не можеш да ме сакаш без да ги сакаш и нив.

Ама можам. Баш затоа што те сакам, не можам да ги сакам нив. Тие не се дел од тебе, ти си имаш кажано сама на себе дека се дел од тебе и сега сама си веруваш во таа лага. Ти кажувам дека баш затоа што те сакам можам да ја видам целата вистина. Ти не си јажето коешто сама си го ставаш на врат, ниту пак камењата коишт ги врзуваш за зглобовите. Ти си и џелатот и осуденикот, но ти не си затворот.

Зошто едноставно не ме прифатиш каква што сум?

Затоа што те сакам. И ги поминав твоите протестирања и мантри и се уште те сакам. Те сакав и низ твоите делузии и фантазии. Не можам и не сакам да ги носам крстовите коишто сама ги имаш изградено и решено да ги носиш. Ако мислиш дека не е болно да се гледа, ако мислиш дека не е тешко да ти се одземат, грешиш. Многу грешиш. Сепак, бидејќи те сакам, подготвен сум едноставно да те гледам како се мачиш за да можеш да избереш или да ги отфрлиш или да продолжиш да ги носиш како да имаат вредност.

Затоа што те сакам, ќе те слушам како страдаш под тежината на твоите сопствени средства. Затоа што се сакам себеси, ќе ги фрлам кога ќе ми ги дадеш. Кога ќе се обидеш да ме прекриеш со тие одвратни слоеви, мојата светлина ќе ги изгори и ти ќе бидеш лута. Ќе кажеш ужасни работи. Ќе го употребиш твојот страв за да ме избркаш и ќе ја користиш твојата болка за да ме повредиш. Сепак, затоа што те сакам и затоа што се сакам, нема да функционира. Ќе се фокусирам на нашата светлина и ќе уживам во нејзината раскошност.

Да, затоа што те сакам, затоа што се сакам себеси, им дозволувам да бидат таму каде што се додека истовремено останувам тој којшто сум. Ние не заслужуваме ништо помалку од тоа сами да чекориме во нашето искуство како поединци. Постои ли поголема причина за живот?