Заталкано зрно од огнено оружје оштети два објекта во Скопје

Заталкано зрно од огнено оружје оштети два објекта во Скопје. 

- На 13.01.2025 во 08.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 11.01. до 13.01.2025 на ул.„Цветан Димов“ од заталкано зрно од огнено оружје била оштетена влезна врата и еден прозорец на објект на правно лице. Исто така, било пријавено дека во истиот период, од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен прозорец и на објект на друго правно лице, на истата улица, соопштија од полицијата. 

Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случаите.