Заталкани куршуми летале викендов низ Гази Баба и Драчево, зрно од огнено оружје паднало пред скопјанец

Во текот на вчерашниот ден до полицијата пристигнале неколку пријави за заталкани куршуми од огнено оружје на неколку локации низ Скопје. 

- Вчера во 13:15 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Т.(55) од Скопје пријавила дека на ден претходно околу 02:00 часот во својот дом на подрачјето Гази Баба забележала дека ѕидот од една од просториите бил оштетен од заталкано зрно од огнено оружје.

- На 03.08.2025 во 17:30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Х.(24) од село Сингелиќ, скопско, пријавил дека во 15:10 часот во дворот од неговата куќа во селото забележал дека ветробранското стакло од неговото паркирано возило било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје.

- На 03.08.2025 во 19:52 часот во СВР Скопје, Д.С.(52) од Скопје пријавил дека околу 19:40 часот на подрачјето на Драчево, слушнал истрели и пред него паднало заталкано зрно од огнено оружје.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на сите овие случаи.