
Скопскиот булевар „Никола Карев“ е блокиран за сообраќај поради протест. Протестот не е пријавен во МВР, а почна во 15 часот.
На терен може да се забележи застој во сообраќајот на Пластичарка, кај Американска амбасада.
Застој во сообраќајот во овој дел од Скопје имаше и вчера кога дел од жителите на скопската населба Серава организираа спонтан протест и ја блокираа улицата Пластичарска, во близина на булеварот „Никола Карев“.