Застанала и излегла од возилото, тоа се придвижило и ја прегазило - со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 23 часот од приватна болница до Скопје до СВР Скопје било пријавено дека кај нив е донесена Р.Р. со тешки повреди.

„Според пријавеното, околу 22.30 часот на сервисна улица која ги поврзува с.Волково, скопско и автопатот „Мајка Тереза“ Р.Р., откако претходно управувала патничко возило „фиат пиканто“ со скопски регистарски ознаки, застанала и излегла од возилото, по што тоа се придвижило и ја повредило. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштуваат од МВР.