Засилени контроли кај пазарот во Ѓорче Петров: „Нема толеранција за узурпација на јавен простор“

Инспекциските служби на Општина Ѓорче Петров, заедно со припадници на Полициската станица Ѓорче Петров, спроведуваат засилени контроли на просторот околу пазарот, информира градоначалникот Александар Стојкоски.

Во објава на социјалните мрежи, Стојкоски порача дека нема да има толеранција за узурпација на јавниот простор и за диви и нелегални препродавачи.

„Јавниот простор е на граѓаните и редот мора да важи за сите“, напиша градоначалникот.

Тој најави дека контролите ќе продолжат и во наредниот период преку координирани акции на инспекциските служби и полицијата.

„Ѓорче Петров мора да биде уредна, безбедна и организирана општина“, порача Стојкоски.