Засилени инспекциски контроли во Карпош: Казни за прекршоци од 50 до 2.000 евра

Секој од нас носи одговорност за здрава и чиста животна средина. Во Општина карпош започнуваат засилени инспекциски контроли, а казните се движат од 50 до 2.000 евра. 

Еве за што се ќе казнуваат комуналните инспектори: 

  • Фрлање шут, отпад, формирање депонии, јами и сл., во профилот на улиците и патиштата или покрај контејнерите за комунален отпад;
  • Оставање градежен шут, смет и други материјали на коловозот и тротоарот на улиците;
  • Испуштање на отпадни или други води на коловозот и тротоарот, или спречување истекување на водите на предвидените места;
  • Нанесување кал, градежен и друг материјал на коловозот и тротоарите на улиците;
  • Попречување  на пешачка патека и улица, противправно прекопување на коловозот, оставање пречки и друг материјал на коловозот, пешачката патека или тротоарот и неовластено поставување разни препреки;
  • Оштетување и уништување на урбана опрема, сообраќајни знаци, патокази, семафори и друга опрема која е во функција на патеките, улиците и другите јавни површини;
  • Отворање и отстранување на капаците на уличните шахти и решетки;

Секој од нас носи одговорност за здрава и чиста животна средина.

Заедно  за  почист и  поубав Карпош !