Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети, вели Стефковски

Општина Гази Баба денеска го одбележа Светскиот ден на животната средина. На настанот се обрати градоначалникот на општината, Бобан Стефковски кој ја истакна важноста за значењето на животната средина.

На денешниот настан беа доделени признанијата за наградените учесници во Еколошкиот конкурс „Денови на екологијата“ кој го реализираше општина Гази Баба.

-Денеска го одбележуваме Светскиот ден на животната средина, ден на кој сите ние треба да се потсетиме за значењето и важноста на здравата животна средина. Ги доделив признанијата за наградените учесници во Еколошкиот конкурс „Денови на екологијата“ кој го објавивме на 21 Март - Денот на пролетта, а го завршуваме денес на Денот на животната средина.

Во рамките на овој еколошки конкурс општината избра најеколошка компанија, невладина организација, најубав еколошки двор, како и најдобар состав и ликовно дело за дечињата од основните училишта и детските градинки.

Кога ја добив довербата од граѓаните да бидам градоначалник на општина Гази Баба пред себе си поставив пет стратешки приоритети, а на врвот од нив ја поставив заштитата на животната средина. Со гордост можам да кажам дека во изминатиот период од година и половина се реализирани голем број на проекти од областа на животната средина. Ве повикувам да ја проучуваме, да ја сакаме и да се грижиме за животната средина. Здравата животна средина, значи здрав живот, кажа Стефковски.