„Засади дрво, не биди трупец“

На 26 и 27 октомври ќе се реализира регионалната иницијатива за колективно садење дрвја. Станува збор за граѓанската иницијатива „Засади дрво, не биди трупец“ која потекнува од група ентузијасти во Република Хрватска (која масовно се шири и има масовен одѕив), за заедничка акција за решавање на загадувањето, глобалното затоплување и пожарите во светот. Таа е надвор од секој личен интерес.

Во оваа акција за прв пат добива само планетата и сите ние заедно. Покрај  Македонија и Хрватска, во акцијата се приклучија и Словенија и Босна и Херцеговина.
Во Македонија досега се приклучија 1.256 граѓани, како и неколку основни и средни училишта, приватни компании, расадници како што се: ОУ „Невена Георгиева Дуња”, од Скопје, гимназијата СОУ „Гостивар” од Гостивар, ООУ „Крсте Мисирков” од Куманово, училиште за странски јазици „Лингвафан” од Скопје, јавното претпријатие „Паркови и зеленила“-Скопје и „Пакомак“.