Засадени нови садници во Кисела Вода, започнува пролетната рехабилитација

На 24 февруари започна периодот во кој ќе се обновува зеленилото во општина Кисела Вода и ќе се рехабилитираат парковите на територијата на општината. На истиот ден на две локации се засадени вкупно 136 нови дрвца.

„За почеток во паркот Пушкин беа засадени вкупно 90 садници, од кои 10 се црвени сливи, 71 се туји и 9 се зелени декоративни топки. Дополнително кај потпорниот ѕид во Припор се засадени уште 20 долговечни дрва платани, во градинката Ѓурѓица во Пинтија засадени се 6 црвени сливи, а во градинката во Пржино засадени се 20 туји“, се вели во соопштението на општината. 

Во следниот период ваквите акции продолжуваат на повеќе локации низ Кисела Вода.