Зарина Првасевда одбиена од Министерството за култура: Лично ја поканив министерката, погодете чие столче беше празно!

Македонската уметница Зарина Првасевда на својот фејсбук профил сподели по повод нејзината одбиена апликација од Министерството за култура. 

- Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум, ОДБИЕН. Цитирам: „СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод“, вели Министерството за Култура, пишува во својата објава Зарина. 

Инаку таа во 2023 година ја освои интернационалната награда за „Најдобар нов талент за 2023“ на интернационална платформа UPBeat која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добива по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа. 

- Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам? - пишува Зарина. 

Таа откри и дека на нејзиниот концерт во 2022 година лично ја поканила министерката за култура Бисера стојчевска Костадиновска, но нејзиното столче останало празно. 

- Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите. Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот, вели Зарина. 

Нејзината обајава во целост во продолжение: