Запустен кејот на реката Вардар

Kејот на реката Вардар  во Скопје на потегот кај градскиот парк е доведен во незавидна состојба и наместо омилено собиралиште за одмор и рекреација сега е срам на скопјани.

Факт е дека огромен број на скопјани таму рекреираат од мај до октомври. 

Факт и е дека неколку лета наназад Скопје беше домаќин на силен меѓународен турнир во одбојка на песок.

Сите посетители на кејот на реката Вардар се сведоци како години наназад терените за одбојка на песок и за кошарка биле полни со рекреативци во секоја момент на денот и ноќта. За жал денес се сведоци дека тие игралишта се само тажна глетка на скопјани и неговите посетители.

Угостителкиот објект беше омилено катче на најмладите и честа станица за освежување на младите семејства на кејот, но и тој денес изгледа како одамна напуштено место.

Ниту кејот, гордоста на градот, омиленото собиралиште за рекреација на скопјани, не е среден, тревата не е искосена, од коритото на реката Вардар расте висока вегетација, од песокот на игралиштата расте трева, уништени се конструкциите на спортските реквизити.