Запрежните возила во центар ќе се движат по 22 часот

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со командирот и претставници од одделението за превенција на полициската станица “Центар”.

Договорено е продолжување на соработката и преземање заеднички акции, се со цел Центар да биде безбедно место на живеење.

Ќе се едуцираат граѓаните како, особено пред новогодишните празници, кога општина Центар е центар на сите збиднувања и има најголема фреквенција на движење, да се заштитат возилата и домовите од кражби.

Особено внимание ќе се обрати на учениците и помладата популација, да бидат запознаени со опасностите од користењето на разни пиротехнички средства.

Посебен проблем во центар е движењето на запрежни возила и затоа ќе се разгледа можноста за движењето на овие возила да биде по 22 часот.