Запознајте ја Катерина единствената чевларка во Скопје

Катерина Микрут од Полска е единствената чевларка во Македонија.

Таа е од Краков, а во Македонија вели дека ја донела љубовта.

– По професија сум славист. Во Краков завршив славистика и чешки јазик, а на факултет почнав да учам и македонски јазик. Во брак сум со Гоце. Прво живеевме во близина на Преспанското езеро, а пред неколку години се преселивме во Скопје. Полскиот ми е мајчин јазик, а студирав чешки, но тука не успеав да најдам работа по струка, па почнав да се занимавам со разни креативни работи кои ми беа како хоби. Прво почнав да шијам и плетам и полека да влегувам во светот на модниот дизајн. Со моите креации учествував  и на неколку модни ревии во Скопје, раскажува Катерина за својот живот во Македонија.

Иако нејзините креации се уникатни, за нив немало пазар тука, па таа сфатила дека од тоа нема да може да живее. И се вработила во една текстилна фабрика.

– Дополнителен приход ми беше поправка и изработка на чевли, а на занатот ме научи мајсторот Исмет од Старата скопска чаршија. Потоа се одлучив да си отворам свој дуќан. Многумина се изненадени кога ќе видат  дека жена поправа чевли и ме прашуваат што ме привлекло во оваа работа. Некои се сомневаат во мене, па често си помислувам дека ако бев машко, ќе имав повеќе работа. Сепак, имам и повеќе од доволно муштерии, вели Катерина за Телеграф.рс.

Таа со својот сопруг Гоце ја имаат ќерката Алисија која понекогаш и прва друштво во работилницата.