Запознајте го Whiskey Burger - кралот на бургерите

На неколку минути од центарот на Скопје се наоѓа улицата која го носи името на познатиот ракометар Столе Стоилов. Скршнуваш од булеварот „Илинден“ и пред тебе е кралството на бургерите. Рустикана е местото каде што се спојуваат вкусите со чија помош гурманското чувство го достигнува врвот, а мигот и уживањето се посебни.

Ако не прашаш нас, но и многумина скопјани – првата асоцијација за бургер во Скопје е Рустикана 2.0, а помеѓу сите бургери овој пат го издвојуваме кралот на бургерите, еден и единствен Whiskey Burger.  Ова е премиум бургер кој се подготвува со посебно внимание, се служи само во среда и чија подготвка минува низ неколку фази.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rock Kafana Rustikana (@rustikana_rock) on

 Се заинтересиравме и сакавме да дознаеме што стои позади идејата да се искомбинира виски и бургер. А, идејата е на еден од редовните гости во Рустикана 2.0, Стефан Ѓоргиевски кој предложил на менито на Рустикана 2.0 да има бургер кој ќе го носи име „Uncle Sam“.  „Uncle Sam“ или нагалено „Whiskey burger“ во Рустикана 2.0 се служи само во среда, а тоа е денот кој е наменет за неговото височество – вискито. Па, така идејата: среда да биде ден за виски и бургер.

Подготовката на ова парче гурманско задоволство е нетипична. Месото се маринира во смеса од бурбон и други тајни состојки и се остава да одлежи преку ноќ, за да биде екстра сочно. Сосот покрај сите состојки има и бурбон, па затоа и целиот бургер има таков шмек, кој сепак не доминира и не содржи алкохол поради неговата термичка обработка.

Главни состојки на бургерот се плескавица маринирана во Бурбон,  гауда, грил кромид, свеж домат и виски сос специјално направен за овој бургер. Се служи со баварско лепче како и сите други Рустикана 2.0 бургери, забоден нож низ средината и  пржени компири како гарнир.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rock Kafana Rustikana (@rustikana_rock) on

Во Рустикана 2.0 сите бургери се врвни и се ремек дело креирано со многу љубов, но ова е нешто посебно, а такви се впечатоцит  и реакциите на сите оние кои го пробале. Tвитерџиите велат дека на скала од 1 до 10, овој бургер треба да има оценка 15. И токму поради ова Чичко Сем од нас го доби епитетот – кралот на бургерите.

Подгответе се за моментот кога гурманското чувство го достигнува врвот. Топло ви препорачуваме оваа среда да го пробате премиум бургерот Whiskey Burger.  

За останати гурмански идеи посетете го нивниот инстаграм профил или пак нивната фејсбук страна.

Заедно со нашите пријатели од Рустикана 2.0 Ви посакуваме пријатно јадење!