Последното сако кое ќе го облечеме нема да има џебови, затоа што нема да ни бидат потребни.

Ништо не можеме да понесеме со себе, освен нашата душа.

Затоа е навистина штета да го посветиме целиот живот исклучиво на полнење џебови, а притоа да ја запоставиме душата.

Подобро е да собирате прекрасни искуства, лекции и убави моменти отколку да купувате работи кои не ви требаат.

Работите може да ви бидат украдени, да се упропастат или да исчезнат, но убавите моменти со кои сте ја исполниле душата никој никогаш нема да може да ви ги одземе. Тоа е засекогаш ваше.

Размислете како можете денес да ја исполните вашата душа.

Прошетајте, поразговарајте со некој кој ви е важен, пуштете си ја омилената музика и потпевнувајте.

Пауло Коељо