Запомнете го ова неизбежно животно правило кое суштински ќе ви го промени животот

 

Замислете секое утро, кога ќе се разбудите, една банка става 86.400 евра на вашата сметка. Што ќе направите?

Првото правило е дека она што не сте успеале да потрошите во текот на денот, ви се одзема навечер. Не смеете да изневерувате или префрлате пари на друга сметка. Имате право да го потрошите исклучиво истиот ден, но не заборавајте дека секое утро кога ќе ги отворите очите банката отвора нова сметка од 86.400 евра за тој ден и така секој ден.

Како второ правило, банката може да ја прекине оваа „игра“ без предупредување. Може во секое време да ве извести дека сè е готово и дека сметката дефинитивно се затвора.

Нема сомнеж дека парите ќе ги потрошите на забава и купување подароци за оние што ги сакате.

Ќе се трудите секое евро да ви донесе среќа и задоволство.

Но, каде постои таква банка?

Сите ја имаме оваа прекрасна банка на располагање. Се вика ВРЕМЕ!

Секое утро кога ќе се разбудите вашата животна банка отвора кредит од 86.400 секунди живот за тој ден. Она што нема да го доживееме тој ден е изгубено. Вчера засекогаш си замина и никогаш нема да се врати.

Секое утро таа магија се повторува. Затоа, не заборавајте на неизбежното правило дека банката може да ја затвори сметката во секоја секунда, без предупредување.