Започнува зимското сметање на времето

Следниот викенд доаѓа промената на времето од летен на зимски режим.

Меѓу 26 и 27 октомври односно утрото меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе треба да ги поместат за 1 час назад.

Во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час повеќе.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од Октомври 2021 година, ова е најверојатното претпоследно преминување од летен во зимски мод.