Започнува уредувањето на кејот на Вардар од Ѓорче Петров до Сарај

Жителите на Ѓорче Петров и Сарај ќе добијат новообновено место за дневна рекреација покрај кејот на реката Вардар, на потегот од стадионот, па сè до мостот во Сарај.

Иако веќе постои уредена патека на овој потег, која води кон паркот Сарај и местото познато како „састав“, каде Треска се влева во Вардар, сепак иницијативата да се уреди кејот во овој реон постои веќе подолго време. Ова е со цел паркот Сарај повторно да го врати стариот сјај, иако во последните години тој повторно е омилено место за рекреација и прошетки на жителите. 

„Со уредувањето што го почнавме деновиве како дел од големото чистење и уредување на кејот и овој потег ќе биде новоуреден квалитетен јавен простор и одлично место за рекреација и релаксација на граѓаните“, најави со видео-објава на Фејсбук градоначалникот Шилегов.