Започнува традиционалната манифестација „Снежен град 2020“

Ученици од повеќе основни училишта од Скопје од денеска до 21 овој месец ќе бидат дел од традиционалната манифестација „Снежен град и Карван 2020“ што ќе се одржува на Попова Шапка.

Децата ќе бидат екипирани по 15 во група и заедно со ментори во следните денови ќе градат скулптури од снег кои официјално ќе бидат промовирани на 21 овој месец.

Како дел од манифестацијата ќе се одржат и повеќе забавно-рекреативни активности како избор на Снежна убавица, Бал под маски, Снежно бинго, Снежен крос, натревари во пинг-понг, билијард, шах, пикадо…