Започнува реконструкцијата на култната за Скопје - спортска сала Расадник

На последната владина седница се усвои информацијата за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт.  Меѓу нив е реконструкцијата на култната спортска сала „Расадник”!

Првиот човек на општина Кисела Вода изрази огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски кои го исполнија својот даден збор.

- Јас и мојот народ од Кисела Вода сме Ви неизмерно благодарни! После децении негрижа, култната сала „Расадник” конечно ќе се реконструира и повторно ќе биде дом на Вардар! Таа беше и повторно ќе биде сведок на многу славни спортски моменти, рече Ѓорѓиевски и додаде: 

 - За многумина од нас, таа е симбол на спортскиот дух, заедништвото и успехот и затоа, сега кога ќе ѝ го вратиме загубениот сјај, таа повторно да биде место каде што ќе се пишуваат нови спортски истории