Осмиот Медиумски фестивал Скопје (МФС) од денеска до четврток ќе се одржи во мултимедијалниот простор Котур, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА.
Оваа година, Фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување.
Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните гласови и новинарството на локално ниво“, каде што ќе се разгледаат предизвиците и улогата на локалните медиумски работници, како и проблемите со кои тие се соочуваат.