ЗАПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА МАГИЈА: Скопје за Нова година ќе свети во бела и црвена боја

Годинава новогодишната елка на плоштад ќе свети во ладно бела боја. Освен ладно белата боја во Скопје ќе доминираат украси и во топло бела боја и црвената. Освен на плоштад Македонија во тек е и украсувањето на булеварот “Партизански одреди”.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, ве поканува денеска во 19 часот, на плоштад Македонија сите заедно да ја осветлиме големата новогодишна елка и да ја почувствуваме радоста за претстојните празници.

Осветлувањето на новогодишната елка ќе биде пропратено со ангелските гласови на хоровите од средните училишта во град Скопје, а под диригентска палка на Јасмина Беличанец. Учество ќе земат следните училишта: Средно медицинско уличиште „Д-р Панче Караѓозов”, СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито”, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин”, СУГС Гимназија „Орце Николов”, СУГС Гимназија „Никола Карев”, СУГС Гимназија „Марија Кири Склодовска”, СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен”, СЕТУ „Михајло Пупин”.