Започнува најавеното невреме во Скопје

Наглиот пад на температурите и приближувањето на студените воздушни маси, коешто го најавија од УХМР веќе почна да се чувствува во Скопје.

Силниот ветер и правта која што потсетува на пустинска олуја е забележана и од нашите репортери.

Според податоците од УХМР, попладнево ветерот би можело да достигне брзина до 90 километри на час.