Започнува кампања за фер избори: Вработените во јавниот сектор да пријават заплашување, притисок и поткуп на глас

Денес имам чест да ја најавам кампањата за фер избори пријави притисок со која ги охрабрувам вработените во јавниот сектор да пријават секаков вид на заплашување, притисок и поткуп на глас за време на парламентарните избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 година, ова денеска преку прес-конференција го најави дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска- Стојковски.

Таа додава дека вработените во јавниот сектор се слободни граѓани и како такви треба да го остварат своето право на глас без никаков притисок.

-Довербата на граѓаните кои што ми пишуваат секојдневно ќе ја искористам за да придонесам за фер изборен процес и во таа насока во следниот период ја најавувам кампањата која што ќе ја започнам по општините на Македонија со цел да ја подигнам јавната свест за професионална и деполитизирана администрација која не трпи притисок, заплашување и поткуп, рече Стаменковска- Стојковски.