Започната реконструкција на „Дрвен“ во Дебар Маало

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посочи дека започнала реконструкцијата на детското игралиште „Дрвен“ во Дебар Маало.

„Го обновуваме едно од најпознатите детски игралишта во Центар – „Дрвен“. Старите и дотраени реквизити и урбана опрема ги заменуваме со нови, современи и безбедни содржини, а ќе изградиме и нов летниковец за одмор и дружење“, истакна Герасимовски во објава на Фејсбук, додавајќи дека создаваат подобри услови за игра, спорт и квалитетно поминато време на најмладите, но и на сите граѓани.

Апелираше до сите да се однесуваат одговорно и да ја чуваат опремата.

„Ова е заеднички простор кој треба да го зачуваме за идните генерации“, порача градоначалникот.