
Со голема радост денеска започнавме со изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион, сподели утрово градоначалникот на Општина Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски.
Како што посочи, станува збор за современ објект со 940 м² на два ката, со капацитет за над 120 деца, изградена со енергетски ефикасни материјали и со целосно уреден двор за игра и учење.
„Ова не е само градинка - ова е дом исполнет со љубов, сигурност и грижа, место каде што секое дете ќе расте среќно и безгрижно. Заедно ја градиме иднината на Ѓорче Петров - иднината што започнува токму со најмалите“, истакна Стојкоски во својата објава на Фејсбук.