Започнаа училишните спортски игри - Лига Центар 2022/2023

Денеска започнаа спортските училишни игри во Центар. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

-Се надевам дека со овие училишни игри ќе го подигнеме спортскиот дух кај основците и ќе го поттикнеме пријателскиот однос меѓу нив. Поддршката од мене и од Општина Центар ќе продолжи и понатаму, за уште повеќе идни заеднички радувања и успеси - истакна Герасимовски.