Започнаа активности за испитување на статиката на надземниот премин „Влајко“ во Влае

Од општина Карпош информираат дека денеска започнаа најавуваните активности за испитување на статиката на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае.

За таа намена, општината ја ангажираше фирмата за техничко испитување и анализа „ТСГ ИНДУСТРИ СЕРВИЦЕ“, која во моментов врши испитување на дел од надвозникот во насока исток-запад, односно кон населбата Ѓорче Петров.

Се предвидува во рамки на утрешниот ден, стручните служби да вршат испитувања на другиот дел од надвозникот „Влајко“, поточно во насока запад-исток (кон Центар). Откако ќе завршат со надворешните мерења, овластените лица ќе спроведат внатрешни испитувања на статиката на надвозникот, по што ќе ги сумираат резултатите.

Заради испитувањата, движењето по коловозот на овој потег се одвива по изменет режим, за што општина Карпош им благодари на сите граѓани за нивното разбирање и прилагодувањето кон времените правила во сообраќајот