Акција за расчистување на теренот и зеленилото во општина Чаир

Викендов екипите на  ЈП „Паркови и зеленило“  започнаа со голема акција на расчистување на теренот и зеленилото во општина Чаир, каде акцијата ќе продолжи и наредните денови.

Поткастрување дрва и грмушки и собирање на заостанати лисја и шут се главни активности на екипите.

Целта е град Скопје да блесне во полн сјај заедно со доаѓањето на пролетта.