Започна уписот за првачиња во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека од денес, 02.05 до 31.05.2019 година, согласно член 45, 46, 47 и член 50 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр. 67/2017 година) во осумте општински основни училишта ќе се врши запишување на деца во прво одделение.

Уписот за учебната 2019/2020 година е за деца родени во 2013 година. Децата кои до 31.01.2020 година ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/старателот и мислење од училишниот педагог. Родителите/старателите за информации за потребната документација за упис на првачиња потребно е да се обратат во основните училишта.

Општина Кисела Вода ги поканува родителите/старателите своите деца да ги запишат во основните училишта кои се во нејзина надлежност. Училиштата со видно подобрени услови за учениците во учебната 2019/2020 година очекуваат околу 700 првачиња.