Започна турнирот во мал фудбал "Геге Куп" на новите терени во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров. 17 екипи ќе се борат за првото место чиј награден фонд изнесува 125 илјади денари. Градоначалникот Александар Стојкоски вели дека ова е доволна мотивација за играчите но и за нив како заедница која верува во спортот и заеднишството.
„Со вкупно 32 натпревари пред нас, вечерва ќе сведочиме на вистинска фудбалска магија, исполнета со страст, тимски дух и несебична поддршка. Наградниот фонд од 125.000 денари** ги мотивира играчите, а сите ние сме тука да ги поддржиме и да прославиме заедно, како заедница која верува во спортот и заедништвото! Ве повикуваме да ни се придружите на терените и да ги следиме возбудливите моменти кои ќе ја одбележат оваа вечер“, напиша Стојкоски.