Започна состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите – членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно  на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Шефовите на држави и влади на вој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.

Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

-Лидерите на НАТО и на земјите членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни. На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот, се нагласува во соопштението.