Започна реконструкцијата на улицата Владимир Комаров во Аеродром

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска ја почнаа реконструкцијата на улицата 23 Октомври (поранешната улица Владимир Комаров) во општината Аеродром. Оваа сообраќајница ќе се обнови на должина од 800 метри, на потегот од Транспортниот центар до крстосницата со булеварот Јане Сандански.

- Градежните работи на оваа улица очекуваме да завршат за околу една недела. Скопјани заслужуваат многу подобра инфраструктура, а за мене како градоначалник тоа е императив – нагласи Градоначалникот Шилегов.