Започна реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денес изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Перо Наков во општината Гази Баба.

-По неколку децении негрижа, денес започнуваме со реконструкција на улицата Перо Наков, тука во општина Гази Баба. Рокот за изведба на овој проект е четири месеци, а градот Скопје е целосен инвестор со 47 милиони денари. Барањето за реконструкција на оваа улица, како децениски проблем беше истакнат од граѓаните на Скопје кои живеат во овој дел на градот, рече Арсовска. 

-Со овој проект се решаваат секојденвите потешкотии во сообраќајот на преку 10.000 граѓани од месните заедници во Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1. Освен промена на асфалтот, се реконструираат и рабниците, ќе се постави ново зеленило, а ќе бидат реновирани и автобуските постојки, појасни градоначалничката.