Започна реконструкцијата на кејот покрај ГТЦ

Денеска започнаа градежните работи на кејот на реката Вардар до ГТЦ. Се работи за проект вреден речиси 1,5 милиони евра.

Целта е кејот повторно да се стави во фунција на граѓаните и да нема повеќе паркирање на самото шеталиште.

Се очекува проектот да биде завршен за четири месеци а за потребите на објектите ќе биде дозволен влез само за конкретни автомобили во конкретни временски интервали во текот на денот.

Дополнително ќе се срушат и летните тераси на угостителските објекти на кејот а на сметка на тоа тие ќе добијат проширување на своите зимски тераси и нивниот изглед ќе биде унифициран.