
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска сподели дека започнало пролетното уредување на општината.
„Преку Секторот за месна самоуправа, ги започнавме теренските активности за средување на нараснатата трева низ сите населби и населени места. Во оваа акција, која ќе се одвива секојдневно во текот на целата сезона, ангажиравме тим од 20 обучени сезонски работници“, истакна Стаменкоска Трајкоска во објава на социјалните мрежи.
Таа посочи дека денеска општинските екипи работат во 11 Октомври - Згради, населба Кисела Вода и населба Драчево, а веднаш потоа ќе продолжат по утврден ред и во сите останати делови на општината.
„Оваа активност е дел од нашите тековни планови за уредување на јавните простори низ целата територија на Кисела Вода. Продолжуваме посветено со работа за поубава Кисела Вода“, порача градоначалничката.