Започна пролетната дератизација во општина Карпош

Во тек е  редовната пролетна дератизација на околу 5.000 шахти на територија на општина Карпош.

Како дел од рутинските активности за одржување на јавната хигиена, со процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе бидат опфатени сите основни училишта и детски градинки.

До сега извршена е дератизација во урбаните заедници Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, а акцијата е во тек во урбаните заедници Влае 1 и Пецо Божиновски Кочо.

Локалната самоуправа ја презема оваа активност секоја година на пролет и на есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина.