Започна пролетна генерална акција за чистење на сите јавни паркиралишта

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, започна двонеделна генерална акција на чистење на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Вработените се на терен на сите отворени и затворени паркиралишта, каде што освен што вршат редовно чистење од смет, истовремено ги уредуваат површините.

-Ги известуваме корисниците на јавните паркиралишта дека, доколку се јави потреба од преместување на одредено возило поради работните активности, соодветно ќе бидат контактирани, соопшти „Градски паркинг“ – Скопје.