Започна новиот систем на паркирање: 100 денари паркинг на Водно, од град Скопје задоволни

Овој викенд започна новиот систем на паркирање во А0 зоната на средно Водно при што еден час возачите ќе ги чини 100 денари, а секој нареден по 50 денари. За граѓаните кои не доаѓаат со сопствено возило и натаму е понуден бесплатен автобуски презов со специјализирани линии на ЈСП кои проаѓаат и низ централното градско подрачје, пренесува Фактор.

„Голем број граѓани го искористија убавото време и бесплатниот автобуски превоз и го посетија Водно. Граѓаните што решија со возила да го посетат Водно прописно паркираа и ја почитуваа ново воведната зона А0 за пакрирање. Од страна на сообраќајна полиција за непрописно паркирање беа казнети вкупно 4 физички лица. Град Скопје деновиве го уреди паркингот на Водно и постави заштитни банкини и столпчиња за да се оневозможи паркирање на самиот пат“ посочија од град Скопје.

Исто така граѓаните кои одат на Водно автомобилите може бесплатно да ги паркираат во две катни гаражи на град Скопје.