Започна нова акција за собирање на електронскиот и електричен отпад од домаќинствата во Скопје

Започнаа нова акција за собирање на електронскиот и електричен отпад од домаќинствата во Скопје. Сите оние кои имаат стари и неупотребливи електрични апарати или електронски уреди потребно е само да се јават на контактниот број 078- 440-033 и да го договорат примопредавањето на апаратите.

На овој начин граѓаните ќе можат да се ослободат од непотребните и штетни за околината електронски и електрични уреди, без да имаат трошоци за транспорт до законски предвидените собирни места, и воедно да добијат соодветен паричен надоместок на нивна сметка. Акцијата е предвидено да трае до крајот на месецот, ќе ги опфати Скопје и околината со подигнување на уредите директно од пред вашиот објект (куќа, зграда).