Започна он-лајн пријавувањето за „Виз Ер“ Маратон 2017

Од вчера отворени се он-лајн пријавите за маратонот во организација на авио-превозникот „Виз Ер“ кој ќе се одржи наредната година. 

Скопскиот маратон спонзориран од унгарскиот авио-превозник ќе се одржи на 7-ми мај 2017-та година, а пријавување за истиот се врши преку веб-страната skopskimaraton.com.mk.

Идните учесници на маратонот ќе имаат можност да го одберат својот омилен стартен број при процесот на онлајн регистрација и во овој период плаќањето ќе може да се изврши само преку онлајн системот. Овој прозорец на слободен избор ќе трае до 27 октомври, пред полноќ. Брановите за регистрација и оваа година ќе бидат распределени во повеќе етапи, а првиот завршува на 30 ноември, а потоа цените ќе се зголемуваат на секои два месеци. Предноста од пријавувањето во раните периоди е тоа што цените за маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри се пониски за разлика од подоцнежните рокови за пријавување, информира организаторот на маратонот.

И годинава, при регистрацијата сите кои во 2016 година не ја искористиле можноста за бесплатна регистрација, а биле пријавени на маратонот, полумаратонот или на штафетниот маратон во 2015, ќе можат да побараат купон за бесплатна регистрација и да го искористат за регистрација за трките во 2017 година.