Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот Фејсбук профил објави дека започна изграбата на најголемиот мега парк на територијата на општината со површина од 10 илјади метри квадратни во новата населба Хиподром 2.
„Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни. Продолжува нашата грижа кон животната средина, а дополнително создаваме простор на на кој граѓаните ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат“, изјави градоначалникот Стефковски.
Покрај зелената површина и урбаната опрема во паркот ќе се засадат и нови садници на дрва, а ќе се изгради и спортски терен за кошарка, како и фитнес зона на отворено.