Денес започна изборот за најдобар интернет портал во регионот.  Веб порталот Скопје Инфо се најде помеѓу триесетте портали од регионот кој се борат за наградата – најдобар регионален портал.  Вашиот глас за Скопје Инфо може да го дадете на следниот линк.

Медиа Дејли, првиот регионален специјализиран портал за медиуми од  01 до 30 ноември по прв пат го спроведува независниот избор на најдобрите помеѓу 30 најчитани информативени портали на подрачјето на регионот, односно Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија.

„Кога почнавме со организација на натпреварот, направивме истражување за најчитаните информативни портали во ситедржави од регионот.  Имајќи предвид дека на ова подрачје има голем број портали се одлучивме на финален избор од топ 30 најчитани портали од шест држави. Од секоја земја се наоѓа број на портали кој е срезмерен со бројот на жители.  Србија има 10 преставника, Хрватска има седум,  Босна и Херцеговина има шест, Словенија и Македонија по три и Црна Гора има еден преставник.“, вели организаторот на гласањето.

Гласањето ќе се спроведува на тој начин што 50% од вкупниот број на гласови ќе се добиваат од публика, додека останатите 50% од жири комисија која е составена од еминентни професионалци од област.

Победникот ќе биде прогласен на 09.12.2018, а тој ќе биде оној кој по гласањето од жирито и публиката ќе има најголем број гласови. Првите три портали ќе добијат награда, а победникот ќе носи титуа Best regional web news portal.