Започна асфалтирањето и крпењето на ударните дупки во општина Бутел

Општина Бутел врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби во општината и по барање на граѓаните започна со изведување работни активности за асфалтирање, санација и крпење на ударните дупки на целата територија на општина Бутел.

-Активности за крпење на ударни дупки и санација на делови од улиците се во интезивен тек, а според планираното до крајот на оваа седмица оваа фаза ќе биде завршена, информираше градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски кој напомена дека се крпат само ударните дупки претежно на улиците кои не се во план за целосно асфалтирање во првата година.