Запленетите гуми од дивата депонија во Горно Нерези подарени на Скопје ЗОО

Комуналните служби на Општина Карпош ја исчистија нова дива депонија, во Горно Нерези.

Запленето е поголемо количество на гуми и спречено е истите да завршат во некое од домаќинствата.

-Запленетите гуми кај дивата депонија во Горно Нерези ги доделивме на Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје. Тие ќе бидат адаптирани и прилагодени за реквизити/живеалишта за животни. Гумите нема да загадуваат туку ќе бидат употребливи и корисни за заедницата, напиша градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.